Три растенија идеални за садење во есен!

Точка

30/10/2019

10:50

9.593

Големина на фонт

а а а

Есента е период на промени, идеално време за освежување на градината и садење на декоративни садници. Затоа Ви предлагаме три растенија идеални за садење во есен!

Истите во градинарскиот центар ФОЈА се на исклучително поволна есенска акција. Истовремено е активна и продажна акција Плати 2, земи 3!


Gaura lindheimeri-вистинското решение за вашата градина

Повеќегодишна цветна грмушка, кој изобилува со цветови во текот на целото лето. Цвета во густи со цветија, со впечатливи розеви цветови. Едноставна за одгледување, издржлива и декоративна.

Може да се одгледува и на исклучително сончеви позиции. Одлична е за формирање ниски цветни бордури, за комбинација со други видови или самостојно како интересен декоративен елемент во градината.

Може да се одгледува во саксија или директно во почва.

Цветна грмушка која ќе ја разубавува вашата градина во текот на целото лето.

https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja/.

Echinacea purpurea

Повеќегодишно растение со исклучително впечатливи и декоративни цветови во розево-виолетова боја.

Особено издржлив вид кој може да успева на многу сончеви позиции, не бара голема грижа освен редовно полевање.

Во градините е впечатливо заради бојата на цветот, па заради тоа може лесно да се комбинира со други видови.

Може да се одгледува во саксии или директно во почва.

Equisetum hyemale

Народно познат како Коњско опавче, е интересна и декоративна трева, која небара големо одржување. Има сличен изглед на трска и расте во групација од многу тенки гранчиња

Брзо растечко растение кое достигнува висина од 1 метар, а интензивно се разгранува во ширина

Расте компактно и неговата густина ќе ви овозможи на празниот простор да му дадете убавина и егзотика.

Може да се одгледува во саксии или директно во почва.

Повеке на: https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja/.




Спонзорирани линкови

Маркетинг