Двајца американски новинари објасниле зошто „Југо“ не е најлошиот автомобил на сите времиња

Точка

23/10/2019

13:25

7.302

Големина на фонт

а а а

Наспроти сите лоши оцени, според овие двајца луѓе „Југото“ воопшто не е најлошиот автомобил на сите времиња.

Уште од првиот ден Југото во Америка не наишло баш на добар прием.

Југото во оваа земја се продавало од 1985-та до 1992-та година и за тоа време ја добило титулата за најлош автомобил кој некогаш бил направен.

Сепак, новинари од автомобилското списание „Јалопник“, веруваат дека Југото не е толку лош автомобил.

Според нив, изгледот не е толку лош затоа што позади него на некој начин стои „Фиат“, а тука е и практичноста која ги отсликува сите работи кои Југото некогаш можело да ги прави.


Со други зборови, Југото не е баш најлошиот автомобил кој што светот некогаш го видел.

А тука е и цената која во тоа време изнесувала 3.995 долари. Со други зборови, Југото било прилично евтин автомобил за разлика од останатите кои чинеле и по 9.000 долари.

Изработката на овој автомобил би можела да биде подобра и тој би можел да има повеќе простор, но сепак добро стоел со неговата конкуренција „Chevrolet Chevette“ која што чинела 5.690 долари и дефинитивно не бил подобар избор.

Погледнете го ова видео во кое американските новинари го “бранат“ еден од најпознатите автомобили од тоа време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг