Братот на Пабло Ескобар му се закани на американскиот милијардер: Ми ја украде идејата, ќе те уништам

Точка

23/10/2019

11:28

11.810

Големина на фонт

а а а

Роберто Ескобар, братот на познатиот нарко-бос Пабло Ексобар тврди дека авторските права за фрлачот на пламен која компанијата на Илон Маск започна да го продава во јануари 2018-та година му припаѓаат на него и неговиот брат.

Роберто ветил дека ќе го уништи познатиот американски иноватор, инвеститор и инженер, затоа што наводно му го украл концептот за флачот на пламен кој го дизајнирал заедно со неговиот брат.

Во интервјуто за британски „Телеграф“, 72-годишниот Роберто тврди дека Маск го ископирал дизајнот откако го посетил комплексот на Ескобар во 2017-та година. Идејата за дизајн на фрлач на пламен наводно потекнала од тоа што Пабло додека го барала полицијата често палел огромни суми на пари за да го згрее своето семејство.


Компанијата на Илон Маск започна да ги продава фрлачите на пламен во 2018-та година, а до денес се продадени над 20 илјади вакви уреди. Еден фрлач на пламен на компанијата на Маск чини 500 долари, додека цената на моделот на Роберто чини 249 долари.

Ескобар соопшти дека планира да поднесе тужба од 100 милиони долари против Маск и дека нема намера да сопре на тоа.

„Илон Маск е лице кое ги измамува луѓето. Пабло никого не предал, другите го предадоа него. Тоа беше нивна грешка која ги чинеше живот, таква е природата“, изјави Роберто Ескобар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг