Актуелната Мис Бум Бум, Бразилката Сузи Кортез одлучила на својствен начин за неа да ѝ го честита роденденот на Ким Кардашијан.
„Драга Ким, најубавиот задник на светот му посакува најсреќен роденден на најпознатиот задник на светот“, стои во објавата на Бразилката.
Инаку, Сузи навива за Барселона и обожува да се фотографира во нивниот дрес, а Бразилката особено го сака Лео Меси, кому често му посветува објави на социјалните мрежи.
После низа нејзини објави, Меси, кој е среќно венчан и има три деца - ја блокирал на Инстаграм.
Наводно сопругата на Лео доживеала мини нервен слом откако видела колку пораки му стигнале од Сузи.