На жената која тврдеше дека е преубава за да си најде момче конечно ѝ се насмевна среќата

Точка

22/10/2019

21:56

10.570

Големина на фонт

а а а

36-годишната Британка која неодамна тврдеше дека не може да си најде момче бидејќи е премногу убава - конечно успеала да најде момче за себе.

Џена Томпсон тврди дека во пронаоѓањето на сродната душа ѝ помогнало гуруто за состаноци и врски, Сами Вондер. Вондер ѝ помогнала така што ја запознала со концептот “ротирачки состаноци“. Се прашувате што е тоа?

Народски кажано, тоа е она кога се гледате со повеќе луѓе одеднаш.

„Побарав совет од Сами, бидејќи моите искуства во последните две години беа грозни. Ротирачки состанок не значи да спиете со сите тие луѓе, (иако ако сакате - можете), туку само да излегувате на состанок со нив“, објаснила Џена, која, како што тврди, тој концепт најмногу ѝ помогнал.

„Оние кои навистина се заинтересирани за вас ќе останат, додека оние кои не се едноставно ќе си заминат“, објаснила Џена за Дејли Меил.

Досега била на повеќе од 10 состаноци со разни луѓе, а меѓу нив се истакнал еден маж со кој моментално се гледа.

Џена инаку се занимава со моделинг и е мајка на две деца, а во мај се пожалила на тегоби, поради убавината - како што тврди таа.

Тогаш рекла дека сака спортски типови и истетовирани момци. Додала и дека сака личност која има карактер, а тврди дека тетовираните момци се токму такви, бидејќи сите се уметнички типови.

Во последната сериозна врска била две години пред да изјави дека има проблем со наоѓање партнер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг