Вчера се одржа финалето на „Мис Глоуб 2019“ во Улцин, Црна Гора.
Македонката Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците и ја освои титулата „Мис фотогеничност“. 23-годишната манекенка во блескав црн фустан го прими признанието на свеченоста.
Таа веќе три недели престојува во Црна Гора, заедно со уште 50-на девојки кои ќе претставуваат исто толку држави од целиот свет.
На „Мис глоуб 2019“ победи преставничката на Мексико, Алејанда Диаз Де Леон Солер, титулата прва придружничка ја освои Карла Џин Ларес од Тринидад и Тобаго, а втора придружничка е Лерен Баутиста од Филипини.
Кристина “преку ноќ“ стана позната кога стапи во брак со пејачот Даниел Кајмакоски, а од неодамна нивните животните патишта по тригодишниот брак им се разделија.