Изборот ќе ве изненади: “Ова е филм на деценијата, недопирливо ремек-дело!”

Точка

23/10/2019

15:21

6.300

Големина на фонт

а а а

На популарниот портал “UNILAD” е објавена листа на најдобрите 100 филмови на деценијата, а на првото место се најде филмот “The Social Network” од 2010 година.

Станува збор за биографска драма во режија на Дејвид Финчер, чија приказна го следи основањето на една од најпознатите социјални мрежи на светот, Фејсбук. Филмот освои три Оскари – за најдобро адаптирано сценарио (Арон Соркин), за најдобра оригинална музика (Трент Резнор и Атикус Рос) и најдобра монтажа (Кирк Бакстер и Ангус Вол). 


Здружението на филмски критичари од Вашинготн, Торонто, Лос Анџелес, Лас Вегас, Канзас Сити, Флорида, Далас, Чикаго и Бостон го прогласи “The Social Network” за најдобар филм на деценијата.

Во филмот глумат Џеси Ајзенберг, Ендрју Гарфилд, Бренда Сонг, Макс Мингел, Руни Мара, Арми Хамер и Џастин Тимберлејк. “UNILAD” го нарече филмот “неверојатно чудо од 2010 година” и напиша дека е беспрекорен од почетокот до крајот.

“Ова е филм кој ја дефинира ерата која до темел ја “здрма” Фејсбук. Недопирливо ремек-дело, филм на деценијата”, заклучуваат од порталот.

Листата на топ 10 филмови според изборот на “UNILAD” изгледа вака:

10. Gravity


9. Spotlight


8. Blackfish

7. Blade Runner 2049


6. Prisoners


5. The Raid 2


4. Whiplash


3. Warrior


2. Mad Max: Fury Road

1. The Social Network



Спонзорирани линкови

Маркетинг