Раперот во текот на настап во ноќен клуб фрлил повеќе од 50.000 долари во публиката

Точка

23/10/2019

11:34

3.250

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните рапери на денешницата, Пост Малоун, фрлил 50.000 долари во банкноти од 1 долар во публиката на својот концерт во еден ноќен клуб во Мајами.

24-годишниот рапер се појавил во клубот со екипа соработници и пријатели кои во еден момент му предале ковчег полн со банкноти кои Малоун почнал да ги фрла низ клубот, изведувајќи ги своите најголеми хитови како “Rockstar” и “Psycho”, а снимките и фотографиите од концертот ги преплавија социјалните мрежи. 


Посетителите за “Page Six” откриле дека Пост со својата екипа неуморно се забавувал и по настапот и во клубот се задржале до пет часот наутро. “Беа прекрасни кон сите”, раскажале посетителите. 

“Најдобра ноќ во мојот живот”, “Беше презабавно”, “Ова беше најдобриот настап некогаш”, се само дел од коментарите на социјалните мрежи, додека оние кои не присуствувале на концертот искрено жалат.


“Премногу сум љубоморна што не бев таму”, искоментирала една обожавателка на Малоун.

##https://twitter.com/thamysorel/status/1186033768177512452##



Спонзорирани линкови

Маркетинг