Рита Ора во фустанот со огромен шлиц едвај одела, а гаќичките никако не можела да ги сокрие

Точка

22/10/2019

19:50

7.739

Големина на фонт

а а а

Сексапилната Албанка воглавно главата ја држела спуштена и внимавала нешто да не ѝ испадне, но сепак не успеала во тоа.

Пејачката Рита Ора (28) често знае да изненади со некое свое провокативно издание, а нејзиниот последен аутфит во кој била облечена во понеделникот ги запрепастил многумина бидејќи значително ги покажала своите гаќички.


Рита била во одлично расположение додека излегувала од забавата која била организирана од престижната модна куќа „Cartier“ во Лондон, а на која присуствувала заедно со својата мајка Вера и со која на крајот изглегла и покажала повеќе отколку што треба.


Во црвениот фустан преполн со шлицови и во долниот и во горниот дел, поради кој не можела да оди, сексапилната Албанка покажала прекрасна линија на тело, но и повеќе од тоа - за среќа на мажите.


Во рацете носела едноставна црвена торбичка, а сето тоа го заокружила со лаковани, црвени чизми до колена. Имала и црвен кармин, но гаќите сепак биле во беш боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг