Џенифер Анистон признала дека порано имала лажен профил на Инстаграм, но не е единствена

Точка

22/10/2019

19:30

2.619

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон неодамна направи Инстаграм профил и предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи во рекорден рок доби милион следачи, а неколку дена потоа во емисијата „Jimmy Kimmel Live“, признала дека некое време имала лажен профил.

„Во период кога размислував да ѝ се приклучам на Инстаграм заедницата, сфатив дека пред сè морам да го разберам тој свет и да се впуштам во 'светот на социјалните мрежи'“, рекла Анистон.

„Business Insider“ пренесува дека Анистон не била првата позната личност која користела лажен профил на социјалната мрежа.

Нејзината истоименичка Џенифер Лоренс своевремено раскажала дека нема јавен профил на социјалните мрежи, но дека таму е во улога на нем набљудувач.

„Гледам, ама не зборувам“, рекла Лоренс за магазинот „InStyle“.

Не е познато колку познати личности користат социјални мрежи на начин на кој тоа го правела Џенифер Анистон. Тоа што е сигурно е дека нејзината стратегија е делотворна, па така Анистон има повеќе од 15 милиони следачи на оваа популарна социјална мрежа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг