Сакал да боксува против својата девојка, а по тоа што следело сфатил дека не ѝ е “ни до колена”

Точка

22/10/2019

18:59

4.235

Големина на фонт

а а а

Борбите со луѓе кои тренираат боречки спортови обично трае многу кратко, а ни снимката која ќе ја погледнете во продолжение не е исклучок.

Некои мажи сметаат дека можат да се мерат во боречките спортови дури и со девојки кои тренираат и покрај бројните докази кои го покажуваат спротивното. Тренирањето бокс и други боречки спортови може да биде огромна предност, а тоа го демонстрирал и овој пар. 

Девојката и момчето одлучиле да ги навлечат боксерските ракавици и да им приредат мало шоу на пријателите, но набрзо станало јасно дека момчето без тренинг не ѝ е “ни до колена” на девојката која тренира бокс. Таа успеала да го приземји со еден удар, а снимката од нивната кратка “пресметка” стана вистински хит на интернет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг