Евра: Милнер ми беше најтешкиот ривал

Точка

22/10/2019

15:43

1.460

Големина на фонт

а а а

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра откри кој бил најтешкиот ривал во неговата кариера.

Патрис Евра често играше против најдобрите фудбалери на светот, но неговиот одговор на прашањето кој бил неговиот најтежок ривал ги изненади сите.

„Дефинитивно Џејмс Милнер. Го чував и Меси покрај аут-линијата неколку пати, не можам да кажам дека беше лесно, но успеав некако да се изборам со него. Лео станува опасен кога ќе тргне од средината. А, Џејмс? Тој ме мачеше без престанување“, изјави Евра и додаде:

„Чудно е чувството кога како дефанзивец ве следи во чекор. Се бореше со мене и во воздух. Во некои моменти си помислував дека е подобро кога тие напаѓаат, само за да ме остави на мира“, изјави Евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг