Најпознатата продавачка на мандарини во Хрватска, Кристина Пенева, поради големата популарност која ја стекнала, се впуштила и во маркетиншките води.
Минатата недела била главна ѕвезда во едно кафуле во Крижевац, во кое цела ноќ ги забавувала гостите на „Мандарина парти“.
За тоа дека Кристина навистина ја загреала атмосферата сведочи фотографијата на Инстаграм на која собрала речиси 5.000 лајкови, а на неа на екс пие ликер од мандарини.
Освен што досега успешно ги продавала сите мандарини на својот штанд, Кристина добро ја завршила и својата нова работа.