Мистерија, а всушност сосема логично: Зошто авионите избегнуваат лет преку Тихиот океан

Точка

22/10/2019

12:31

5.083

Големина на фонт

а а а

Ако ја погледнете линијата меѓу Северна Америка и Азија, која минува преку Тихиот океан на 2D карта, би се рекло дека е најкраток и најлогичен избор.

Првата причина е очигледно здраворазумна - Пацификот е најголем океан на светот и ако дојде до некој проблем со авионот, речиси е невозможно да се пронајде безбедно место за слетување. 

Рака на срце, ни Алјаска не изобилува со големи меѓународни аеродроми, но слетувањето на копно сепак е неспоредливо побезбедно отколку слетување во океан, за кое се знае како би завршило.

Затоа пилотите во главно бираат рути на кои има што поголем број на аеродроми. Бројот на авионски несреќи е занемарлив во споредба со бројот на авиони кои секојдневно полетуваат и слетуваат од сите светски аеродроми, но тешко е да се замисли било што пострашно од дефект на мотор на 10.000 метри над Пацификот.

Иако често се истакнува дека безбедноста е апсолутен приоритет во текот на летањето со авион, не треба да се заборави и дека авио-превозот е многу исплатлив бизнис, а целта на секоја авио-компанија е да ги пренесе патниците по што пократка рута за што помалку време и притоа да заштеди што повеќе пари. Затоа секогаш се бираат најкратки можни рути, освен оние за кои се знае дека треба да се избегнуваат.

Понатаму, голема е веројатноста дека авионот во текот на летот над големи водени површини ќе наиде на некоја временска неприлика. Пилотот лесно ќе совлада тропски олуји и некои видови на урагани, но громовите се вистински пекол, па ги заобиколуваат секогаш кога можат. Тешко е дека денес авион би се урнал поради невреме, но силните турбуленции може да предизвикаат паника и немир кај патниците.

При одбирањето на рутата за летање исто така е важно да се земат во предвид воздушните струи. Тие настануваат во тропосферата, најнискиот слој на Земјината атмосферска обвивка. Во тој слој настануваат и повеќе временски непогоди. Тропосферата се граничи со стратосферата. Надморската висина на таа граница не е константна, туку се наоѓа на надморска висина од 5 до 19 километри.

Токму поради тие осцилации во висината и големите разлики во температурата и притисокот се создаваат силни воздушни струи кои може да развијат брзина до 320 километри на час. Ако таквиот ветер ви дува во грб, супер, но ако дува кон вас, ќе пристигнете, но со ужасно задоцнување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг