Џастин Трудо победи на изборите во Канада: Во тесната трка успеа да го сочува премиерското место

Точка

22/10/2019

08:53

1.694

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговите Либерали победија на изборите во Канада и ќе ја формираат новата влада.

Канадските медиуми пренесуваат дека Трудо ја добил тесната трка, но неговата партија не освоила апсолутно мнозинство.

Според податоците на изборната комисија, според првичните резултати, Либералите на Џастин Трудо освоиле 145 мандати, додека конзервативците на Ендру Шир ќе имаат 106 пратеници.

Канадскиот парламент има 338 пратеници, што значи дека за мнозинство се потребни 170 мандати. Сепаратистичкиот „Блок на Квебек“ ќе има 33 пратеници, додека пак левичарската „Нова демократска партија“ ќе има 20 претставници во парламенти.

Овие податоци беа изнесени од канадската државна изборна комисија по затворањето на сите гласачки места во Канада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг