Румениге даде оценка за досегашниот престој на Кутињо во Баерн

Дерби

22/10/2019

09:35

1.457

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот репрезентативец, Филипе Кутињо во актуелнава сезона е дел од бундеслигашот Баерн Минхен каде игра како позајмен играч од Барселона.

Кутињо не се снајде на „Камп Ноу“, па му се отвори можност за преселба во Германија која ја прифати и полека, но сигурно ги освојува навивачите и првите луѓе на клубот од „Алијанц Арена“. Тој во Бундеслигата на вкупно седум натпревари даде два гола и запиша три асистенции со што дефинитивно е знак дека може да си ја поврати формата која го красеше во Ливерпул, а тоа дефинитивно му се допаѓа на извршниот директрот на „баварците“, Карл Хајнц Румениге.

-Филипе е многу квалитетен играч. Тој не се однесува како ѕвезда. Се работи за многу пријатна личност и е многу популарен во клубот. Многу сме задоволни со трансферот, -истакна Румениге кој за тоа дали Баерн ќе ја искористи опцијата и ќе го откупи договорот за 120 милиони евра кратко порача:

-Ќе донесе одлука кога ќе биде вистинско време за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг