Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Макфакс

21/10/2019

19:58

2.258

Големина на фонт

а а а

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија, за да го искажат своето несогласување со одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон, да го блокира почетокот на претпристапните преговори на Северна Македонија и Албанија.

Како што пренесува БГНЕС, учесниците извикуваат„Бугарија и Македонија под едно небо!“, „Не на лицемерие, Да на Македонија“.

„Сведоци сме за заживување на француско-српската унија, која последниве години беше запоставена и има за цел да ја блокира европската иднина на Македонија“ изјави познатиот балкански специјалист и публицист, Иван Николов. 

Тие повикаа на „бескомпромисна и постојана поддршка за европското членство на Македонија, бидејќи во спротивно поддршката од надворешни националисти ќе го дестабилизира целиот регион“. 

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преиспита неговата одлука и да биде во висина на големите француски државници, како Де Гол и Ширак и да не ја загрозува стабилноста и безбедноста на Балканот. Тие истакнаа дека „ова е прв протест во Европа за членство на една држава во ЕУ“. 

Во писмото до Маркон,кое го доставија на претставник на француската амбасада, организаторите на собирот го повикаа францускиот претседател да не дозволи „Република Северна Македонија да биде извор на политички хаос“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг