Жената која во 2009-та година ја основала првата женска приватна детективска агенција, поради што станала позната ширум светот, па својот бизнис од Англија го проширила во уште две држави, ја искористила својата слава на вистински начин.
Имено, откако била учесник во британскиот "Big Brother" во 2017-та година, таа се приклучила на група водетели и денес води една утринска програма. Сепак, целата приказна околу неа не е толку едноставна, туку во најмала рака филмска и контроверзна.
Ребека Џејн (32), мајка на две деца, станала позната откако по откритието дека сопругот ја изневерува во 2009-та година, отворила женска детективска агенција.
Како што навела во интервјуто откако се слушнало за нејзиниот бизнис, агенцијата се развила во три земји и брои околу 40 вработени. За време на постоењето на агенцијата, разоткрила неколку илјади случаи на неверство користејќи најсовремена шпионска технологија, па и социјални мрежи.
Според нејзините зборови, односот на мажи и жени кои доаѓале кај неа да утврдат дали партнерот им е верен или не, бил 50:50. Што се однесува до клиентите, наводно доаѓале од сите слоеви на општеството, од обични луѓе, до музичари, уметници, спортисти, но и политичари.
Иако рекла дека пристојно заработува, таа во еден од момент од животот престанала со таа работа, односно ја продала компанијата во 2018-та година за непозната сума на пари, по што започнала нов бизнис во вид на организација која ги нуди "консалтинг учење", холистичко лечење и јога третмани преку платформа на интернет.
Меѓу овие две работи, таа стигнала да се појави и во британската верзија од "Големиот брат", во која предизвикала големи контроверзи со своето однесување кое било променливо и на моменти загрижувачко поради изливите на бес и расправиите со останатите учесници, но поради приказната дека имала секс со еден од своите детективи, кој исто така влегол со неа во реалното шоу. Тоа учество го зачинала со влегување во врска со стриптизерот Лотан Картер, кој исто така бил во куќата.
Таа своето појавување во медиумите убаво го искористила, па на основата на искуството со работењето во агенцијата, ја напишала и книгата "Прва женска детективска агенција - Вистинска приказна", која излегла во 2013-та година, и своевремено била бестселер.
Кариерата на скандал-мајстор ја заокружила со улогата на водителка во емисијата "Ова утро со Џон и Холи", која се емитува на ITV.
Кон средината на оваа година, повторно се кренала бура околу неа, откако во јавноста се појавила веста дека разменувала експлицитни пораки со рагби играчот Бен Фоден. Ништо од ова не би било чудно ако тоа не се случило неколку дена пред Бен да се запознае со својата сегашна сопруга, со која се венчал само четири дена по запознавањето. Како што рекле пријателите блиски на Ребека, таа била уверена дека двајцата имаат нешто сериозно, и дека била многу разочарана од неговиот потег.
Иако има само 32 години, Ребека веќе со години успешно ја интригира јавноста, па може да се очекува дека во наредните неколку ќе продолжи со истиот тренд.