Себаљос не сака да се врати во Реал Мадрид

Точка

21/10/2019

16:02

1.904

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот фудбалер минатото лето го напушти мадридскиот клуб и се пресели на едногодишна позајмица во Арсенал.

Дани Себаљос игра во одлична форма на „Емирати“, а иако не е баш стандарден првотимец, сепак веќе покажа желба да остане во лондонскиот клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Себаљос неодамна разговарал со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и му порачал дека нема намера да се враќа на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно желба на Себаљос била Арсенал да го откупи неговиот договор веќе во јануари и да потпише повеќегодишен договор со „Топчиите“.

23-годишниот Шпанец пристигна во Реал Мадрид од Бетис во 2017-та година за 14 милиони евра, но не успеа да се наметне во мадридскиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг