Ибрахимовиќ во Интер? Ќе се степаат со Конте после една минута

Точка

21/10/2019

15:52

2.083

Големина на фонт

а а а

На Апенините се шпекулира дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Серија А и тоа во екипата на Интер.

Со оглед на тоа што Алексис Санчез се повреди неодамна, се шпекулира дека „Нераѕурите“ во јануари ќе ангажираат напаѓач, а тоа би можел да биде Златан Ибрахимовиќ.

Интересен коментар во врска со можното враќање на Ибрахимовиќ во Интер даде и Антонио Касано.

„Ибрахимовиќ во Интер? Со Конте ќе се степаат после минута и пол, веројатно после првиот прес“, изјави Антонио Касано.

Инаку, Златан Ибрахимовиќ го носеше дресот на Интер во периодот од 2006-та до 2009-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг