Инстаграм тестира нова бизарна опција...

Точка

21/10/2019

15:49

2.291

Големина на фонт

а а а

Дали ви е потребна помош околу тоа кого сакате да престанете да следите на Инстаграм? Доколку одговорот е „да“, тогаш ќе добиете помош.

Во морето на бизарности на социјалните мрежи, Инстаграм се погрижи за додавање на уште една - ќе им помага на корисниците во одлуката кој профил да престанат да го следат.

Најновата опција која ја тестира социјалната мрежа, која моментално се тестира, ќе ни помогне полесно да ги пронајдеме профилите со кои сме најмалку во интеракција. Инстаграм ќе направи категоризација според тоа со кои профили најчесто и најретко комуницираме, ги гледаме и лајкуваме објавите.

На тој начин, социјалната мрежа ќе ни предложи кои профили би требало да престанеме да ги следиме.

Со новиот начин на категоризација на содржините, Инстаграм се обидува на нов начин да ги поттикне луѓето да реагираат на работи кои што најмногу ги сакаат, на уметност, филм, забава и други работи, а да ја прекинат „врската“ со работи кои не ги сакаат. Поради тоа, ќе се појавува категоријата "least interacted with" во која ќе има содржини и профили кои ќе можеме да престанеме да ги следиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг