Новиот трилер на Нетфликс ги шокираше гледачите: “По ова, повеќе не сум истата личност”

Точка

21/10/2019

16:08

3.317

Големина на фонт

а а а

Новиот психолошки трилер на Нетфликс наречен “Fractured” ги шокираше, но и воодушеви гледачите.

“Fractured” ја следи приказната на Реј Монро, семеен човек кој патува со својата сопруга и ќерката, а по пат малечката се повредува и завршува во болница. Откако во придружба  на мајка ѝ ќе ја одведат на операција, Реј заспива, а кога ќе се разбуди, дознава дека сопругата и ќерката исчезнале од болницата без трага. 

Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, гледачите останале воодушевени од бројните пресврти во приказната, а самиот крај ги оставил во шок.

“На крајот од “Fractured” бев ваква! Уау!”.

“Само што го гледав “Fractured” на Нетфликс. Вака гледам низ празната соба бидејќи останав шокиран”.

“Еден од најдобрите филмови кои некогаш сум ги гледал на Нетфликс”.

“Само што го изгледав “Fractured” и повеќе не сум истата личност”.

“Fractured” е еден од најдобрите трилери на сите времиња. Одлична психолошка мистерија од која ќе ви полазат морници по ‘рбетот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг