„Тие не сакаат да живеам, но јас сакам“: Јованка Броз била похрабра од поголемиот дел од мажите, а волјата за живот не ја напуштила ни во најтешките моменти

Точка

21/10/2019

14:32

3.898

Големина на фонт

а а а

Јованка Броз - првата дама на Југославија и “пеперутка на комунизмот“ - како што ја нарекувале, станала кралица од бајките на која цел свет ѝ бил под нозете.

Јованка Будисављевиќ Броз била сопруга и вдовица на Јосип Броз Тито, претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Родена е во селото Печани на 7-ми декември 1924-та година. Семејството на Јованка било составено од нејзините родители Миќо и Милица, браќата Петар и Максим и сестрите Зора и Нада. На само 17 години станала член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Нејзиниот татко бил во редовите на Америка и пред војната се вратил дома.

Татко ѝ и мајка ѝ починале во текот на војната. Во Народноослободителната војска на Југославија учествувале и нејзините двајца браќа од кои едниот починал во 1943-та. За време на Втората светска војна таа заминала во партизаните. Жената која била похрабра од останатите мажи во тоа време, двапати била ранета и еднаш за малку ќе починела од тифус.


Јованка Броз: Трагичен живот на првата дама

Одликувана била со орден за храброст и имала чин на потполковник. Студирала светска книжевност на Филолопки факултет, но поради обврските ги прекинала студиите. Во 1944-та година на свои 32 години го запознала Јосип Броз Тито.

Постојат повеќе претпоставки, според една од нив Јованка била хигиеничарка на Тито, а потоа станала и негова секретарка и на крајот негова сопруга. Во април 1952-та година во вила во Иловка, Тито и Јованка тајно се венчале. Кога се омажила за Тито таа имала можност да го запознае подобриот и понов свет. Јованка била испратена во Рим за да научи подобро да се однесува, односно онака како што ѝ доликува на една дама. За неа почнала да работи првата југословенска дизајнерка Жижи Јелинек. Јованка била сметана за претходница на Џеки Кенеди, толку многу била убава што веднаш ги воодушевила западните новинари и странски државници.


Јованка Броз: Смртта како спасување од животот

Во седумдесеттите години Јованка и Тито биле во голема криза поради работни несогласности. Иако повеќе не живееле заедно сепак не е познато дека Тито некогаш изговорил нешто лошо за неа. Потоа во 1977-та година првата дама била уапсена, а Тито не го видела додека бил жив и само накратко се појавила на неговиот погреб.

Во јули 1980-та година ѝ бил конфискуван целиот нејзин имот, а таа била ставена во куќен притвор. Тогаш Јованка од јавниот живот целосно се повлекла и живеела во целосна сиромаштија. По Титовата смрт дамата по судски пат го побарала нејзиното наследство, но поради некоја причина не го добила. Јованка, долго време немала свои лични документи кои конечно ги добила во 2009-та година. Колку што е познато таа имала контакт само со неколку блиски роднини и пријатели. Последната година од нејзиниот живот таа се борела со болест.

„Под нозете имаше шишиња со топла вода, а насмевката, таа нејзина насмевка, не ја тргнуваше од лицето. Знаеше дури и да се пошегува“ - раскажува нејзината роднина Чолак.

„Не се исплаши дури и кога ѝ ја обија вилата. Кога ја ограбија. Беше како челик. Свесна за сè, вака велеше: „Тие не сакаат да живеам, но јас сакам! И вистина да ти кажам, инаетот ме тера да направам неправда која мене ми е направена. Тие можат да ми земат сè, но она на што се сеќавам - не можам. Тој компјутер кој го имам во мојата глава не можат да ми го земат““ - пренесува Чолак.

„За болеста не зборуваше, мене барем не ми зборуваше и верувам дека на никој не сакаше да го оптеретува со тоа“ - вели братучетка ѝ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг