Ја погледнала камерата во собата на својот син и видела сцена од која замрзнала од страв, но набрзо следел пресврт

Точка

21/10/2019

13:20

6.260

Големина на фонт

а а а

Мајката во паника на Фејсбук ги споделила фотографиите на кои се гледа “мистериозното бебе“ покрај нејзиниот син во креветчето во кое спие.

Прво мислела дека станува збор за дух, но набрзо потоа сфатила за што станува збор.

Марица Елизабет од Илиноис објавила фотографии од мониторот за бебе на кои изгледа дека покрај нејзиното бебе во креветчето лежи непознато суштество. Сепак, по почетната паника сфатила дека не станува збор за дух туку налепница на душекот која нејзиниот сопруг не ја отстранил.

„Значи, синоќа бев сигурна дека во креветчето до мојот син има дух. Бев толку многу исплашена. Влегов во собата со батериска ламба додека тој спиеше. Утрово повторно истражував. На крајот се воспостави дека мојот сопруг заборавил да ја отстрани налепницата од душекот“ - напишала таа покрај фотографијата која ја објавила.

Нејзината објава наскоро станала вирална, собирајќи околу 300.000 лајкови на Фејсбук и над илјада коментари. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг