Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Макфакс

21/10/2019

12:07

3.335

Големина на фонт

а а а

Поради отсуство на скопската обвинителка, Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13, Миле Јовановски, обвинет дека му нанел тешка телесна повреда на попот Виктор Стојчев кој е оштетен во постапката и дојде со неговата сопруга.

Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката која била уредно повикана. Адвокатката на Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека не им бил дозволен увид во доказите на Обвинителството иако тоа го барале со ургенции.

Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.

Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истепа попот за една минута, кој пак му бил сосед.

„Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута“, рече Јовановски на излегување од судницата.

Таткото на Боки 13 запрашан од новинарите рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: Не знам ништо, немам појма, одговри тој.

Инаку, често се случува во судот да не доаѓаат обвинители. Утрово и обвинителката која го застапуваше обвинението, побарала изземање за случајот со малата Тамара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг