Лионел Меси сите големи успеси во кариерата ги дели со своите соиграчи, но пред се со своето семејство од кое вели дека ги црпи сите мотивации за да продолжи на највисоко ниво во кариерата.
Покрај децата, најголема поддршка на Лео е неговата долгогодишна сопатничка Антонела Рокузо, а сега Меси одлучи на интересен начин да ја истакне љубовта кон својата сакана сопруга, прикажувајќи нивна непозната слика од адолесцентските денови со која го запали својот Инстаграм профил.