Шпанскиот прволигаш, Атлетико Мадрид во наредниот период нема да може да смета на најскапото засилување во својата историја, Жоао Феликс.
Португалскиот репрезентативец се повреди на вчерашниот меч (десниот зглоб) против Валенсија кој заврши без победник 1-1, односно сега ќе мора да паузира меѓу две до три недели што значи ќе ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао, Алавес и Севилја во Примера и пресметката со Баер Леверкузен во ЛШ.
Ако се биде како што треба би можел да биде подготвен за реваншот со „фармацевтите“ на 6 ноември или четири дена подоцна за натпреварот со Еспањол.