Поради фотографиите со Буш, Елен Деџеренис сред емисија го бакнала популарниот водител

Точка

19/10/2019

18:53

5.160

Големина на фонт

а а а

Американскиот радио водител и долгогодишна телевизиска личност, Хауард Стерн за прв пат гостувал во емисијата на Елен Деџенерис каде, ни помалку ни повеќе, ѝ пружил незаборавен бакнеж на водителката.

Бакнежот следел како обид на водителот да го одвлече вниманието од фотографиите на Елен во друштво на американскиот претседател Џорџ Буш, кои изминатите денови кружат низ интернетот. 


Имено, забавната Елен која ја обожуваат милиони луѓе ширум светот успеа да разлути дел од обожавателите бидејќи минатиот викенд била фотографирана во друштво на поранешниот конзервативен американски лидер на натпреварот на НФЛ. Таа во својата емисија ја објаснила целата ситуација, велејќи дека е можно да се биде пријател со некој кој нема исти верувања и размислувања како вас.

“Луѓето во своите мисли ја имаат фотографијата од тебе и Буш. Она што треба да го направиш сега е да направиш фотографија на која се бакнуваш со мене. Еднаш кога луѓето ќе те видат со мене, никој нема да размислува за Џорџ Буш”, изјавил Стерн.

Кога Елен почнала да зборува на друга тема, Хауард уште еднаш ја прекинал, велејќи ѝ да го бакне.

“Ништо полошо не може да ми се случи сега”, рекла Елен, по што Хауард ја прашал кога последен пат бакнала маж. Водителката му одговорила дека постојано бакнува мажи во уста, а помеѓу последните мажи кои ги бакнала биле Колин Фарел и Леонардо ди Каприо.

Потоа следел незаборавен бакнеж на водителскиот пар со големи овации од публиката.

“Ова е слика поради која Америка ќе заборави дека си седела покрај Џорџ Буш”, истакнал Стерн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг