Страшен напад на бела ајкула врз нуркач - камерата ја забележала борбата за живот или смрт

Точка

19/10/2019

16:50

7.518

Големина на фонт

а а а

Австралијанецот Џо Петровиќ бил на подводен риболов на крајбрежјето на Перт во Австралија, кога белата ајкула се обидела да го нападне.

Нуркачот и неговите пријатели биле на околу два километри од крајбрежјето и на околу 250 метри од чамецот кога се појавила огромната бела ајкула.

Човекот, целиот во паника, почнал да плива кон кајчето, но по околу 5 минути, ајкулата тргнала кон него со отворена огромна вилица.

Петровиќ брзо реагирал и се одбранил со врвот од харпунот поради што огромното животно се оддалечило.

Меѓутоа морското куче по вторпат го нападнал Петровиќ, дури и ги гризнала неговите пераи, но нуркачот успеал повторно да се спаси пред конечно да стигне до своето кајче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг