Актерот објави фотографија од младите денови: „Ме гледаа како да имам чума“

Точка

19/10/2019

16:10

7.655

Големина на фонт

а а а

Актерот Двејн Џонсон, познат како The Rock, на својот прфил на Инстаграм објави фотографија од своите млади денови.

На фотографијата на која има само 15 години нема ниту трага ниту глас дека тоа момче ќе стане еден од најмускулестите актери во Холивуд.

„Сеќавање на тоа посебно време кога бев дете од 15 години и имав едвај 90 килограми, “морничави“ мустаќи и бев принуден да ги напуштам Хаваи за да живеам во Нешвил. Таму одев во ново средно училиште и сите (учениците и професорите) ме третираа како да имам чума и стоеја понастрана од мене убедени дека сум некој полицаец кој има тајна задача“ - напишал актерот под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг