Давид Бабунски се запиша во листата на стрелците, мајсторски гол на нашиот интернационалец

Дерби

19/10/2019

13:38

2.462

Големина на фонт

а а а

Македонскиот интернационалец од редовите на Омија Ардија, Давид Бабунски по подолг период повторно се запиша во листата на стрелците.

Некогаш најголемата македонска фудбалска надеж која сега фудбалскиот леб го печали во далечна Јапонија постигна одличен погодок во поразот на неговиот тим од Токушима со 3:2.

Бабунски беше стрелец на погодокот за израмнување на 1:1, а на теренот помина 61. минута.

За играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики ова беше трет погодок во неговиот 23 натпревар за Омија Ардија во Џеј 2 лигата во Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг