Го најави ли Ибрахимовиќ враќањето во Интер: Во Серија А би пристигнал само ако…

Дерби

19/10/2019

13:36

2.874

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ веќе одреден период се поврзува со враќање во Серија А каде играше за најдобрите клубови Јувентус, Интер и Милан.

Договорот на робусниот Швеѓанец со Лос Анџелес Галакси истекува во декември и тој ќе биде во можност да ја промени средината без обесштетување и да се пресели во нов тим како слободен агент.

Се верува дека би можел да се врати во Серија А од каде интерес има од Интер и Милан, а на таквите шпекулации одговор даде и самиот фудбалер.

– Имам 38 години но сум голем ентузијаст. Се уште не размислувам за својата иднина и одлуката ќе ја донесам по разговорите со семејството. Сакам да продолжам да играм и ќе ми треба нешто специјално за да го задржам овој оган во себе. Италија е мој втор дом, сите понуди ќе ги разгледам, но сакам да се борам за најголемата цел. Ако се вратам, тогаш сакам да се борам за Скудетото, а не некој да ме вика само затоа што сум Ибрахимовиќ. Се уште можам да направам разлика на теренот, не сум животно од зоолошка градина некој да ме донесе за луѓето само да ме гледаат, -заклучи Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг