Крај на трговската војна?

Точка

19/10/2019

15:12

3.266

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на кинеската влада Лиу Хе, соопштил дека Кина ќе соработува со САД. Тој ветува решавање на проблемите на основа на еднаквост и меѓусебно почитување, како и дека завршување на трговската војна би било добро за двете страни.

"Двете страни постигнале значаен напредок на многу полиња, поставувајќи важен темел за потпишување на договори", изјавил Лиу, кој е главен преговарач во трговските преговори.

Кина и САД постигнале ограничен договор минатата недела за да стават крај на трговската војна која ги забавува светските пазари и го попречува светскиот економски раст, а сега двете страни работат на писмен договор.

Лиу рекол дека Кина ќе ги зголеми вложувањата во основната технологија за да ја забрза економската обнова.

"Не сме загрижени поради краткорочната економска нестабилност. Уверени сме дека можеме да ги исполниме макроекономските цели за оваа година", рекол Лиу и додал дека добрите односи на двете држави се важни и за стабилноста во светот.

"Растот на кинеско-американската економска и трговска соработка е поврзан со мирот, стабилноста и просперитетот на целиот свет", рекол тој.

Меѓународниот монетарен фонд проценил дека рамковниот трговски договор кој Вашингтон и Пекинг го постигнале минатата недела би можел да ја намали штетата која ја нанеле тарифите кои двете земји ги вовеле минатите 15 месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг