Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас бесен поради одложувањето на Ел Класико

Дерби

19/10/2019

13:05

1.395

Големина на фонт

а а а

Вчера и официјално беше одложено најголемото дерби Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое беше закажано за 26 октомври поради нередите во Каталонија.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас истакна дека е бесен поради одложувањето на дербито кое ќе донесе и голема загуба.

– Поместувањето на Ел Класико не наштети само на нашите фанови во Кина. Наштети на навивачите и на Блискиот исток, Индија, Јапонија, Индонезија, Австралија, Виетнам, Сингапур…Сега луѓето во овие и уште многу повеќе земји нема да бидат во можност да го следат Ел Класико. Изгубивме милијарди гледачи. Имавме подготвена рекламна кампања на азискиот пазар. Ел Класико кој би се играл во сабота во 13 часот би можел да го следат фанови ширум целиот свет. Ако тоа се игра во среда, во вечерен термин, ќе го гледаат само Шпанците, зошто луѓето во Азија спијат во тие моменти, - истакна Тебас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг