Барселона како Багдад, улиците гореа во текот на ноќта: Ова е пекол, го гледам мојот град и плачам...

Точка

19/10/2019

11:33

2.875

Големина на фонт

а а а

Улиците на Барселона синоќа се претворија во бојно поле каде што околу шест часа траеле судирите помеѓу борците за независност на Каталонија и шпанската полиција.

Ситуацијата ескалираше на петтиот ден од протестите во вториот по големина град во Шпанија, а според последните информации, над 50 лица се повредени.

Во централното градско подрачје демонстрантите ги запалија барикадите и ги нападнаа безбедносните сили со камења, цигили и други предмети. Полицијата возврати со гумени куршуми, пендреци и палки.

Каталонската полиција ги повика граѓаните да не излегуваат од своите домови, известувајќи дека околу 4,500 демонстранти, од кои над 500 се „многу опасни“, беснеат низ градот и се пресметуваат со безбедносните сили.

##https://twitter.com/rubnpulido/status/1185299831952203776##

„Ова е пекол, го гледам својот град и плачам. Барселона се претвори во Багдад, огорчен сум“, изјави Алберт Ривера, лидер на центристичката партија „Граѓани“ која се противи на идејата за независност на Каталонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг