Снимка која ја подели Америка: Полицаец бркал тинејџер низ покрив на куќа, а колегите му велеле да го турне!

Точка

19/10/2019

15:12

3.604

Големина на фонт

а а а

Полициската бруталност е голем проблем во САД, а сега во главен фокус на јавноста е снимката и потерата по еден тинејџер (18).

Момчето го возело автомобилто на неговата девојка без нејзина дозвола, поради што таа повикала полиција, а кога полицијата му пришла да го испрашува, се дал во бегство.


Во целата гужва завршил на кров на една куќа и немал каде да бега.

Еден полицаец застанал позади него на кровот, а двајца колеги од тревникот му довикувале: „Турни го!“

По краткото двоумење, полицаецот го турнал и тој паднал на трева, после што бил уапсен.

Додека едни истакнале дека тоа е непримерна реакција на полицијата, други истакнале дека тинејџерот воопшто не се однесувал соодветно за некој да го брани, како и дека висината од која паднал воопшто не била голема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг