Трамп по телефонскиот разговор со Ердоган добил уверување дека ќе го почитува примирјето

Точка

18/10/2019

22:07

1.646

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека во телефонски разговор со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, добил уверување дека ќе го почитува примирјето во Сирија, кое започна синоќа.

„Штотуку разговарав со Ердоган … Тој навистина сака примирјето или прекинот на огнот да функционира“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека тоа го сакаат и сириските Курди.

Трамп посочи дека некои европски земји, без да прецизира кои, ќе можат да ги преземат џихадистите приведени во Сирија.


„Тоа е добра вест. Постигнат е голем напредок“, додал американскиот претседател.

Синоќа стапи на сила примирје за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг