Американското воено-политичко списание "National Interest" објавило текст за руската нуклеарна подморница за стратешка намена "Јуриј Долгоракиот", нарекувајќи ја "вистинско оружје за судниот ден".
Авторот на статијата потсетил на успешното лансирање на четирите балистички ракети "Булава" од Белото море на полигонот Кура на Камчатка кон крајот на мај минатата година.
"Булава" има необично плитка траекторија на лет, што ја прави тешка за пресретнување. Таа ракета тешка 40 тони може да избегне 40 удари на противвоздушна одбрана.
Споредувајќи ја руската подморница со слични подморници во САД, Кина, Франција, Велика Британија и Индија, "National Interest" истакнува дека "Јуриј Долгоракиот" би можел да ја исполни својата задача - уништување на градови на непријателот - дури и ако другите нуклеарни сили бидат уништени.
Водечкиот брод на рускиот проект 955, "Бореј", е најголема современа стратешка ракетна подморница за стратешка намена на руската флота. Осум подморници од класата Бореј се доволни за истовремено патролирање на Тихиот и Арктичкиот океан.
Russia's New Nuclear Weapon Could Make America Uninhabitable - https://t.co/wLzojeDsXs pic.twitter.com/mM0KdpDK9B
— thewallstreetpost.com (@twsp_com) September 20, 2019