Американските командоси бесни: Тие ни веруваа, а ние ја предадовме таа доверба

Точка

18/10/2019

21:02

5.106

Големина на фонт

а а а

Некои од воените лица на специјалните сили на САД, кои се бореле рамо до рамо со Курдите против ИСИС, велат дека длабоко жалат пораид наредбата на Трамп да ја напуштат Сирија.

Кога минатата година американските командоси и нивните курдски сојузници се нашле под напад на прорежимските сили во Сирија, одговориле моќно. Во противнападот наводно убиле повеќе од 200 борци, во главно руски платеници кои се бореле за сирискиот режим. 

Оваа воена акција, во која учествувале дури и стратешки бомбардери B-52, покажала до која мера САД сериозно ја сфаќаат одбраната на сојузниците во борбата против ИСИС. Но, само една и пол година подоцна американските сили се наоѓаат насред општо повлекување од Сирија, откако американскиот претседател Доналд Трамп наредил да се тргнат од патот на турската инвазија на територијата на Сирија под курдска самоуправа.

##https://twitter.com/Kyruer/status/1185113619232624641##

Некои од воените лица на специјалните сили кои се бореле рамо до рамо со Курдите против ИСИС, додека ги покривале американски авиони, сега велат дека длабоко жалат поради наредбата да ги напуштат.

"Тие ни веруваа, а ние ја издадовме нивната доверба. Тоа е дамка на совеста на Америка", рекол еден војник кој соработувал со Курдите во северна Сирија во телефонски разговор за "New York Times".

"Мене ми е срам", рекол друг војник, кој исто така војувал во северна Сирија.

Двајцата инсистирале на анонимност за да не ги сносат последиците од своите отворени критики.

Иако американскиот министер за одбрана Марк Еспер инсистирал на тоа дека Америка "не ги напуштила Курдите", иако кратко после тоа признал дека Трамп наредил целосно повлекување и дека Турција ја игнорирала неговата молба да ја сопре офанзивата, еден американски специјалец за CNN рекол дека станува збор за "предавство".

"Прилично е грозно тоа што се случува. Сакаме да им пружиме поддршка. Не сакаме да ги оставиме во оваа ситуација", додал тој неименуван војник, кој се борел во Сирија.

Дека воените старешини кои се бореле во Сирија се бесни, потврдил и еден американски службеник за CNN.

И додека Американците се полекувале од положбите далеку од границата со Турција, можеле само да гледаат како курдските борци одат на истата граница за да се одбранат од Турците. Наредбите биле јасни: Пуштете ги Курдите да се бранат сами.

Овие војници, разбирливо, тешко се помируваат со наредбата да ги остават своите соборци со кои ги ослбодиле Манџиб, Рака и последните упоришта длабоко во долината на Еуфрат, покрај границата со Ирак.

Заедно живееле во истите пустински бази, делејќи оброци и опасности, пишува "New York Times". Им помагале во евакуацијата ранети курдски борци и тела на убиените.

Кога Трамп минатата година во зима најавил повлекување на американските сили од Сирија, советниците сепак успеале да го наговорат да ја повлече наредбата. Но овој пат штетата, изгледа, е непоправлива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг