Наде Талевска се преполови: „Мамев со диетата ама пак ослабнав 20 килограми“

Точка

18/10/2019

20:12

6.756

Големина на фонт

а а а

Македонската оперска дива, Наде Талевска, после трите бремености имаше вишок килограми за кои најголем дел од јавноста мислеше дека нема никогаш да ги симне.

Но, Талеска направи неверојатна трансформација од себе, намали повеќе од 20 килограми за една година, и сега веќе има заводлива фигура која многу ѝ помага за полесно да ги изврши секојдневните активности.


Имено, таа за „Женски магазин“ открила повеќе детали за начинот на кој ослабнала.

„После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да преземам нешто околу тоа. Имено, сопругата на еден мој колега започна соработка со една клиника од Скопје која топло ми ја препорача. Таа ме однесе таму, и ми ги најправија сите потребни мерења и тестирања“, раскажала на Наде за „Женски магазин“ и додава:

„Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш , и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“


На прашањето дали операските пејачки по некое непишано правило треба да се покрупни жени, таа вели:

„Да, и јас сум го чула тоа дека за оперските пејачки велат дека треба да се покрупни. Но, и не мора да е така. Всушност, самата сцена си бара и естетика покрај вокалниот квалитет.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг