Полетале: Започна најдолгиот комерцијален лет во историјата на воздухопловството

Точка

18/10/2019

19:39

4.657

Големина на фонт

а а а

Њујорк и Сиднеј од денес ќе бидат поврзани со необична авио-линија, која ќе ги собори сите досегашни рекорди кога станува збор за комерцијални летови.

Авионот "Boeing 787-9" во кој ќе има 40 патници, ќе прелета 16.000 километри без слетување и без дополнување на гориво. 

Персоналот и патниците морале да минат посебни ментални и физички тестови за издржливост.

На првиот од трите "супер-долги" пробни летови, научници ќе ги следат резултатите од 19-часовниот лет, односно како патниците ќе ги поднесат тоа.

Австралискиот национален превозник "Qantas" оваа година планира уште два вакви лета. Авионот би требало да слета во Сиднеј во недела наутро.

Летовите на компанијата "Singapore Airlines", која сообраќа од Сингапур до Њујорк, досега го држеле рекордот.

Ограничен број на патници

Бројот на патници на летот од Њујорк до Сиднеј е ограничен за да се минимализира потрошувачката на гориво и да се овозможи авионот да прелета 16.000 километри без повторно полнење.

Научниците од два австралиски универзитети ќе бидат во леталото за да го надгледуваат спиењето на патниците, границата на издржливост и потрошувачката на храна. Пилотите ќе носат уреди кои ги следат нивните мозочни бранови и будноста.

Со оглед на 15-часовната временска разлика меѓу Њујорк и Сиднеј, резултатите од ова патување ќе бидат будно следени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг