Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Макфакс

18/10/2019

19:35

2.546

Големина на фонт

а а а

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност за предлогот за започнува пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Ципрас на социјалните мрежи порача дека одлуката за отфрлање на почетокот на преговорите со Северна Македонија е порака за слабост и пораз на европскиот проект.

##https://twitter.com/tsipras_eu/status/1185153190200774656##

„Некогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Брисел“, напиша поранешниот грчки премиер на Твитер, додавајќи: „На нашите народи им должиме да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“.

Минатата година Ципрас и Заев потпишаа историски договор за решавање на повеќе деценискиот меѓудржавен спор за името на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг