Најстарата ќерка на актерката Ума Турман (49) и Итан Хок (49), Маја Хок (21) е перспективна манекенка и актерка. Младата Маја одлучила да ги почести своите следбеници на Инстаграм со снимка од филмот „Mainstream“ кој моментално се снима.
„Добредојдовте во животот на една филмска ѕвезда“ - раскажува Маја тетеравејќи се и додава:
„Ако некогаш сте се прашувале како е да се биде популарен, еве повелете. Гледајте. Сè е многу гламурозно и секси, сите сакаат да ве бакнуваат и да ве однесат во кревет. Луѓето ви даваат многу бесплатни работи: облека, храна, алкохол. Никогаш ништо не плаќам. Е да, малку сум пијана“ - рекла на крајот од снимката Маја.
Видеото кренало многу прашина, но Маја го постигнала тоа што го сакала. Сега сите зборуваат за нејзиниот филм. Иначе, освен со актерство и манекенство Маја се обидува да се пробие и како пејачка. Иако се труди да успее на повеќе полиња, таа и понатаму е во сенка меѓу познатите родители кои не се огласиле по ова провокатвно видео.