На Јадранот пронајден “морски ангел“: Погледнете како изгледа овој пливачки полжав

Точка

18/10/2019

17:40

1.775

Големина на фонт

а а а

Морскиот ангел (Pneumodermopsis cfr. paucidens) е мал пливачки полжав за кој до месец октомври не знаевме дека живее на Јадранот, пишуваат од “Podvodni.hr“.

Беше пронајден првиот, а потоа и цел рој и сето тоа на остовот Чиов. Не се знае многу за овој вид, освен дека се храни со друг пливачки полжав (Creseis clava), познат по тоа што ги боцка капачите поради своето боцкасто тело.

Бидејќи се забележани цели роеви и од C. clava, појавата на морскиот ангел би можела да се поврзе токму со нив. Иако досега не биле забележани во Јадранот сепак не мора да значи дека претходно ги немало.

Морските ангели немаат лигави нозе туку развиле поразличен вид на тело со помош на кое пливаат. Тие се хермафродитите кои можат да пораснат до 5 центиметри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг