Џенифер Анистон објавила досега невидена фотографија од детството и повторно добила милиони лајкови

Точка

18/10/2019

17:19

4.458

Големина на фонт

а а а

"Со стил, некогаш и сега", напишала популарната актерка на новоотворениот профил на Инстаграм.

Само два дена минаа откако една од најомилените актерки Џенифер Анистон, конечно отворила профил на Инстаграм и буквално го урнала интернетот, а со само три објави веќе станала еден од најпопуларните корисници. 

Откако со првото селфи со комплетната екипа од Пријатели го воодушевила целиот свет и предизвикала невидено воодушевување, а бројот на фанови и лајкови вртоглаво и пораснал, убавата Џен за само три часа собрала три милиони лајкови за објава која светот уште не ја видел - како изгледала во раното детство.

View this post on Instagram

#TBT In style, then and now...

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Актерката сакала да истакне дека и како мала била вистинска дама, а истиот стил продолжила да го негува и во зрели години.

"Со стил, некогаш и сега", напишала популарната актерка, која, мора да признаеме, одлично се снаоѓа како нов корисник.

Не треба да се нагласува дека ја дочекале брдо комплименти, па остануваме при нашите тврдења дека Џенифер навистина е омилена. Досега има 12 милиони фанови на оваа социјална мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг