На Веспрем ќе му гостувал Вардар од Јужна Македонија?

Макфакс

18/10/2019

15:59

2.250

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар утре ќе му гостуваа на Веспрем во реприза на последното финале во Лигата на шампионите. Унгарците бараат одмазда за поразот во финалето по кое Вардар ја освои втората титула европски првак.

Она што повеќе го привлече вниманието од самиот натпревар е неинформираноста или обидот за некаква провокација од страна на домаќините на утрешниот натпревар.

На социјалните мрежи, во најавата за мечот, луѓето од Веспрем го претставија Вардар како шампион на Јужна Македонија, односно дека најдобриот стрелец во досегашните натпревари во Лигата на шампионите кај Јужно-Македонците е Тимур Дибиров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг