„Џабе им се и Меси и Роналдо“ - Бербатов отворено за скандалите на „Олд Трафорд“

Точка

18/10/2019

17:10

3.498

Големина на фонт

а а а

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед без влакна на јазикот. Димитар Бербатов отворено зборувал за проблематиката на клубот од „Олд Трафорд“ пред продолжението на сезоната.

На Бербатов особено не му се допаѓал начинот на кој Црвените Ѓаволи беа поразени од Њукасл со минимален резултат, без да направат некои сериозни шанси на противничкиот гол.

„Многу е тешко да се работи на фудбалскиот пазар, но дури и кога има пари, Јунајтед покажува дека не може да ги оствари своите очекувани резултати. И колку и да сте вешти, во оваа ситуација не би можел да помогне ниту Меси ниту Роналдо, затоа што екипата нема никаква игра“ - тврди Бербатов.

##https://twitter.com/TheSporTalk/status/1182620353299931139##

Што се однесува до норвешкиот експерт, Бербатов вели дека сака да остане тој на клупата.

„Најлесно е некој да го осудувате затоа што некому не му се допаѓа начинот на игра или пак поради некој пораз. Но, дали тоа навистина ќе помогне таму? Нов тренер, нов систем, нова тактика... Дали тоа помага?“ - се прашува Бербатов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг