Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Јунајтед моментално е единствената екипа која сака да игра против „Редси“.
Дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул е големо дерби, без оглед на тоа во каква форма се наоѓаат екипите, а во недела големите ривали ќе се судрат на „Олд Трафорд“ во рамките на 9-то коло од Премиер лигата.
„Во овој случај историјата и статистиката не се важни. Секогаш сакаме да има добра атмосфера на стадионот. Не е лошо на Олд Трафорд“, изјави Јирген Клоп и додаде:
„И самите рекоа дека ние сме идеалниот противник. Не сум баш сигурен дека има многу тимови кои во овој момент баш сакаат да играат против нас. Се чини дека Манчестер Јунајтед е единствениот таков тим“, изјави Јирген Клоп.