Морничаво паѓање на Лејди Гага додека “јава“ фан на концерт!

Точка

18/10/2019

15:06

4.479

Големина на фонт

а а а

Една од најконтроверзните пејачки на светот, Лејди Гага (33), во четвртокот, на 17-ти октомври, одржа концерт во Лас Вегас, каде доживеала сериозен пех.

Имено, пејачката уште еднаш сакала да покаже дека е апсолутна кралица на перформансите и сценските настапи, па се воодушевила кога фан од публиката успеал да се качи на сцената.

Момчето се качило среќно, силно ја прегрнало, а Гага потоа го зграпчила за колковите и буквално почнала да го јава.

Возбудениот и среќен маж со Гага во скутот, почнал да се врти кон другиот дел од салата. Меѓутоа, во еден момент почнал да губи контрола. Невниманието довело до тоа да падне заедно со Гага и да се превртат од сцената.

Овој драматичен момент го забележале фановите, кои почнале да врескаат кога се случило ова.

На снимката јасно се гледа како се лизнале на подот, па вистинско чудо е тоа што двајцата поминале без повреди. И покрај тоа, ја тргнала прашината од себе и се вратила на сцената со помош на обезбедувањето.

После концертот, Гага со фановите на Инстаграм споделила како се опушта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг