Кејт Мидлтон во пакистански стил: Модни експерименти кои можеби никогаш повеќe нема да ги видиме на неа

Точка

18/10/2019

14:50

2.850

Големина на фонт

а а а

Војводата и војвотката од Кембриџ наскоро ја напуштаат оваа азиска земја, а во текот на петдневната турнеја низ Пакистан Кејт ни даде вистинско модно задоволство.

Кејт Мидлтон дала сè од себе за со свите дневни комбинации да даде почит кон домаќините и пакистанската култура.

Од моментот кога слетала во Исламабад, сопругата на принцот Вилијам носела исклучително комбинации кои се омаж на пакистанската традиција и стил, а веќе првото парче кое го облекла привлекло големо внимание, пред сè затоа што е копија на изгледот на принцезата Дајана која го носела во оваа земја во 1996-та година.

Мидлтон носела многу модни парчиња со вез, традиционални марами и зелена боја, а дури и принцот Вилијам во една прилика покажал дека доколку околностите го овозможуваат тоа може да облече нешто што не е класично одело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг